Не е типично за лекари кои што нивните тврдења треба да ги базираат само на науката и на лабораториските истражувања да даваат препораки кои што се бабини рецепти, и затоа истите треба да се земат со резерва. Досега имавме многу слични „рецепти“ и митови околу коронавирусот.

Во текот на изминативе денови порталот Магазин.мк пишуваше дека Русија го пронашла лекот за коронавирусот. Во еден од насловите пишува дека „Русите направија препарат за лечење на COVID-19 коj го блокира воспалението, на база на антималаричниот лек мефлокин!“.

Текстот се базира на изјави на Руската Федерална Агенција за Биомедицина коja на 28 март лиферуваше информација дека Mefloquine, лек кој се користел против маларија, во комбинација со антибиотик, дава добри резултати против коронавирусот. На 30.03.2020 Федералната агенција за лекови и храна во САД (FDA) донесе одлука да се дозволи дистрибуција на препаратот Хидроклорокин за третман против COVID-19. Важно е да се напомене дека станува збор за генерички препарат кој е стар 70-тина години и дава одлични резултати во третманот на маларијата.

Оттука, ваквите сензационалистички објави не треба да се земаат сериозно. Исто така ако се цени подготвеноста на различните држави преку пронаоѓање на лек да се справат со коронавирусот, може да се заклучи дека сите се далеку од тоа.

Доколку се анализира состојбата во Русија, според официјалните информации, во последните неколку денови има рапидно зголемување на бројот на заболените од коронавирусот.

26 март –              182 нови случаи                                      вкупно 840 заболени

27 март –              196 нови случаи                                      вкупно 1036 заболени

28 март –              228 нови случаи                                      вкупно 1264 заболени

29 март –              270 нови случаи                                      вкупно 1534 заболени

30 март –              нема податоци                                       нема податоци

31 март –              500 нови случаи                                      вкупно 2337 заболени

1 април –                 440 нови случаи                                      вкупно 2777 заболени

Извор: Worldometers.info

За споредба, од 31 јануари кога беше диагностициран првиот случај, до средината на март, во Русија беа пријавени само 28 заболени, на популација од 144 милиони. 

Од друга страна пак бројот на излечените е релативно мал, односно за повеќе од 4 пати помал во споредба со Данска, која има приближно ист број на заболени.

Дополнително, порталот Магазин.мк објавил и текст во кој што руски лекар дава препораки за заштита од вирусот со домашни рецепти.

Не е типично за лекари кои што нивните тврдења треба да ги базираат само на науката и на лабораториските истражувања да даваат препораки кои што се бабини рецепти, и затоа истите треба да се земат со резерва. Досега имавме многу слични „рецепти“ и митови околу коронавирусот. Дел од нив се демантирани на овој линк.

Сензационализмот за привлекување на читатели во време на пандемија може да предизвика паника, лажна еуфорија и надеж, а и да ги загрози животите на луѓето.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.