Оригинален наслов: Хомер зборувал јазик сличен на денешниот Македонски ?
На 27.07.2019 порталот 365.мк објави текст со наслов во прашална форма. Интересно е што овој текст е нов, само за овој портал. Претходно, минатата година, неколку портали го пренесоа текстот, во истата форма, па дури и со насловот во прашална форма. Објавата во истата форма, се најде сега и на порталот Булевар. Текстот и сега, а и претходно е дезинформација.
Линк до објавата: 365.мк
Медиумите мора да ги почитуваат правилата за професионално известување. Насловите на новинарските текстови не треба да бидат во прашална форма, затоа што тоа укажува дека информацијата која се пренесува не е потврдена.
Во текстот се наведува табела како доказ дека Хомер зборувал македонски.
Но, самиот текст не нуди сериозни докази кои вистински ќе ја потврдат оваа информација. Дури и посочената табела не посочува доказ, кој ќе ја потврди оваа шпекулација.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО