“
Заедничка контрола на граничниот премин Табановце-Прешево, е исто што и укинувањето на двојната гранична контрола помеѓу Албанија и Косово
”
Од 26 август 2019, границата со Србија ќе се минува со една контрола. Во најголем број од медиумите вест на денот беше стартувањето на проектот “one-stop-shop”, со кој се укинува двојната контрола од двете страни на граничниот премин Табановце-Прешево, т.e. помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Граничниот премин ќе се поминува со едно чекање на заедничка контрола што ја воспоставија граничните служби од двете земји со проектот за интегрирано гранично управување, што значи заедничко управување на граничните и царински контроли. Проектот е оценет како позитивен, што значително придонесува кон развивање на регионалната економска соработка, создавање услови за поголема и полесна размена на стоки и полесно движење на граѓаните со двојно намалување на времето на чекање.И додека сите овие придобивки за граѓаните на двете соседни држави се оценети како круна на пријателските и добрососедски односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија, укинувањето на двојните контроли на границата меѓу Албанија и Косово,
не така одамна
од страна на поедини медиуми, беше “оценето” како чекор кон реализирање на планот за “Голема Албанија” како дел од Тиранската платформа.Споредбено, се наметнува прашањето : Зошто укинувањето на двојната контрола на граничниот премин меѓу Албанија и Косово ја “оцениле” како чекор до Голема Албанија, а не како олеснување на граничните и царински контроли?! Сега одговорот е уште појасен. За дезинформациите со наратив “Голема Албанија” и за важноста на укинувањето на двојната контрола на граничните премини, тимот на
F2N2
веќе има пишувано во изминатиот период.Ова е само уште еден показател дека поедини медиуми се непрофесионални и свесно пишуваат дезинформации, а пропуштаат да известат за придобивките на еден проект од особена важност за економскиот регионален развој.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО