Појавата на коронавирусот создаде едно многу меко тло врз кое што почнаа да се креираат лажни вести со кои се игра со чувството на граѓаните на Балканот. Почнаа да се објавуваат различни лекови кои што се за обичен грип, коПојавата на коронавирусот создаде едно многу меко тло врз кое што почнаа да се креираат лажни вести со кои се игра со чувството на граѓаните на Балканот. Почнаа да се објавуваат различни лекови кои што се за обичен грип, кои што се претставуваа како ефикасни против вирусот SARS-CoV-2, кој што патем ни најголемите научници се уште не го истражиле докрај или не нашле соодветен лек.

Лекот „Арбидол“ кој што е руско производство се користи за лекување грип, веќе на големо се “продава“ на интернет како лек со којшто со сигурност се лечи коронавирусот. Дури има и видео на кое што двајца, наводно италијанци одат во Русија и купуваат Арбидол, и велат дека ова го нема во Италија само во Русија и дека истиот е ефикасен. Авторите на видеото очигледно се убедени дека присуството на Арбидол во Русија е причината за малиот број на случаи на инфекција со КОВИД-19 во Руската Федерација.

Лекот се продава и на интернет како медицинско чудо против коронавирусот, иако се уште нема научни истражувања со кои што се докажува неговото дејство. Федералната антимонополска служба (ФАС) на Русија констатираше повреда во рекламата за Арбидол, но допрва ќе се истражуваат околностите на рекламата во која Арбидол се претставувал како лек против коронавирусот иако лекот не ги има својствата кои се прикажуваат. Покрај оваа руска институција низа руски лекари потврдуваат дека Арбидолот не е лек против коронавирусот.

„Чудесните“ лекови шетаат по Балканот и се земаат здраво за готово, не ги земајте и вие!

Додека се разјаснат сите околности за лекот Арбидол и за неговиот ефект, веќе на Балканот оваа информација се зема здраво за готово, иако разните сервиси за борба со лажните вести ги побиваат овие вести.

Српскиот сервис за борба против лажните вести „FakeNews Tragač“  направи истражување за лекот Арбидол во којшто се вели дека не е ефикасен за борба со коронавирусот, бидејќи ако би бил, Светската Здравствена Организација и другите земји би го набавиле и би ги излечиле нивните народи, особено имајќи предвид дека лекот во Русија чини околу 100 македонски денари. Сервисот потсетува и дека Светската Здравствена Организација досега не препорачала ниту еден лек кој што помага против коронавирусот.

Дополнително, СЗО, американската Управа за храна и лекови, Велика Британија, не го ставиле на своите листи на лекови за лекување на вирусни заболувања иако во Русија се продава како таков. Овој лек е создаден во 1970-те години во Советскиот Сојуз а  неговиот патент е истечен во 2007 година. Но, денес го произведуваат голем број компании во Русија, Белорусија и Кина.

„Фејк Њус Трагач“ напоменува дека Арбидол во Русија се купува без лекарски рецепт, а по избивање на вирусот, продажбата му се кренала за повеќе од 80% проценти.

Верзијата на македонски на “Russia Beyond” истотака напоменува дека „Антивирусните средства и витамините се продаваат како лекови против коронавирусот“.

Сервисот пишува дека „ Руските фармацевтски компании и аптеките веќе почнаа да заработуваат од вестите за коронавирусот. Од средината на јануари во руските синџири аптеки „Доктор Столетов“, „Озерки“ и „36,6“ пораснала продажбата на антивирусните препарати. Забележано е зголемување на продажбата за 50 до 80% “.

И босанскиот сервис за борба со лажните вести „Raskrinkavanje.ba“, објавил истражување за лекови на база на витамини кои се претставуваат како лекови за борба со вирусот, односно лекови кои го засилуваат имунитетот. Сето ова се правело со наводни повици или препораки на лекари. Се препорачуваат различни состојки кои ако се користат редовно, наводно помагаат за имунитетот и за борба со вирусот.

Истражувачите на сервисот дошле до констатација дека истите лекови се објавувале и во минатите години, но биле посочувани како лекови за други болести.

 

Сеуште нема лек против корона вирусот, и кога би се нашол, нема да биде во аптеките.

Наша препорака е да не барате лек против коронавирусот бидејќи сеуште нема. Следете ги препораките на здравствените институции за хигиена и изолирајте се, тоа е единственото што можете да го направите за вас и вашите најблиски.  Факт е дека во овој момент научната јавност и здравствените системи употребуваат комбинација од лекови за третирање на болеста развиена од коронавирусот. Исто така, научниците и фармацевтските компании развиваат вакцина за превенција од коронавирусот, за што сигурно ќе треба време.

Додека се појави лек или вакцина, којшто е лиценциран од Светската Здравствена Организација значи дека нема лек.и што се претставуваа како ефикасни против вирусот SARS-CoV-2, кој што патем ни најголемите научници се уште не го истражиле докрај или не нашле соодветен лек.Лекот „Арбидол“ кој што е руско производство се користи за лекување грип, веќе на големо се “продава“ на интернет како лек со којшто со сигурност се лечи коронавирусот. Дури има и видео на кое што двајца, наводно италијанци одат во Русија и купуваат Арбидол, и велат дека ова го нема во Италија само во Русија и дека истиот е ефикасен. Авторите на видеото очигледно се убедени дека присуството на Арбидол во Русија е причината за малиот број на случаи на инфекција со КОВИД-19 во Руската Федерација.Лекот се продава и на интернет како медицинско чудо против коронавирусот, иако се уште нема научни истражувања со кои што се докажува неговото дејство. Федералната антимонополска служба (ФАС) на Русија констатираше повреда во рекламата за Арбидол, но допрва ќе се истражуваат околностите на рекламата во која Арбидол се претставувал како лек против коронавирусот иако лекот не ги има својствата кои се прикажуваат. Покрај оваа руска институција низа руски лекари потврдуваат дека Арбидолот не е лек против коронавирусот.„Чудесните“ лекови шетаат по Балканот и се земаат здраво за готово, не ги земајте и вие!Додека се разјаснат сите околности за лекот Арбидол и за неговиот ефект, веќе на Балканот оваа информација се зема здраво за готово, иако разните сервиси за борба со лажните вести ги побиваат овие вести.Српскиот сервис за борба против лажните вести „FakeNews Tragač“  направи истражување за лекот Арбидол во којшто се вели дека не е ефикасен за борба со коронавирусот, бидејќи ако би бил, Светската Здравствена Организација и другите земји би го набавиле и би ги излечиле нивните народи, особено имајќи предвид дека лекот во Русија чини околу 100 македонски денари. Сервисот потсетува и дека Светската Здравствена Организација досега не препорачала ниту еден лек кој што помага против коронавирусот.Дополнително, СЗО, американската Управа за храна и лекови, Велика Британија, не го ставиле на своите листи на лекови за лекување на вирусни заболувања иако во Русија се продава како таков. Овој лек е создаден во 1970-те години во Советскиот Сојуз а  неговиот патент е истечен во 2007 година. Но, денес го произведуваат голем број компании во Русија, Белорусија и Кина.„Фејк Њус Трагач“ напоменува дека Арбидол во Русија се купува без лекарски рецепт, а по избивање на вирусот, продажбата му се кренала за повеќе од 80% проценти.Верзијата на македонски на “Russia Beyond” истотака напоменува дека „Антивирусните средства и витамините се продаваат како лекови против коронавирусот“. Сервисот пишува дека „ Руските фармацевтски компании и аптеките веќе почнаа да заработуваат од вестите за коронавирусот. Од средината на јануари во руските синџири аптеки „Доктор Столетов“, „Озерки“ и „36,6“ пораснала продажбата на антивирусните препарати. Забележано е зголемување на продажбата за 50 до 80% “. И босанскиот сервис за борба со лажните вести „Raskrinkavanje.ba“, објавил истражување за лекови на база на витамини кои се претставуваат како лекови за борба со вирусот, односно лекови кои го засилуваат имунитетот. Сето ова се правело со наводни повици или препораки на лекари. Се препорачуваат различни состојки кои ако се користат редовно, наводно помагаат за имунитетот и за борба со вирусот.Истражувачите на сервисот дошле до констатација дека истите лекови се објавувале и во минатите години, но биле посочувани како лекови за други болести. Сеуште нема лек против корона вирусот, и кога би се нашол, нема да биде во аптеките. Наша препорака е да не барате лек против коронавирусот бидејќи сеуште нема. Следете ги препораките на здравствените институции за хигиена и изолирајте се, тоа е единственото што можете да го направите за вас и вашите најблиски.  Факт е дека во овој момент научната јавност и здравствените системи употребуваат комбинација од лекови за третирање на болеста развиена од коронавирусот. Исто така, научниците и фармацевтските компании развиваат вакцина за превенција од коронавирусот, за што сигурно ќе треба време.Додека се појави лек или вакцина, којшто е лиценциран од Светската Здравствена Организација значи дека нема лек.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.