ОПИС

ЌЕ СЕ МЕНУВА ХИМНАТА: Дали отсуството на македонската химна пред Ципрас е најава за нејзина промена?!

Линк до оригиналната статија тука.

Линк до архивираната оригинална статија тука.

ФАКТ/И

Лавина од реакции проследени од неинтонирањето на македонската химна при посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас. Дезинформациите отидоа толку далеку што се пишуваше дека поради нашето ново уставно име, химната не била интонирана. Дека причината не била таа и дека нема да има никакви промени, текстуално и инструментално, потврдија и од Владата преку официјална изјава.

Можеби уште поубав демант пристигна вчера од Дом на АРСМ. Прославувањето на 70-тиот роденден на НАТО беше проследенo со заеднички настап на оркестрите на македонската и грчката армија. При отварање на концертот, првично беше интонирана официјалната химна на НАТО, за веднаш после неа заеднички да биде интонирана и химната на Република Северна Македонија. Сметаме дека ова е повеќе од доволен доказ за граѓаните поврзан со химната.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.