Во последно време, преку неколку портали во С.Македонија можеше да се забележи наплив од вести во кои се има тенденција да се промовира лидерот на Белорусија, Александар Лукашенко како “цврст лидер кој и пркоси на пандемијата“. На врвот се наоѓаат вестите како оваа земја се справува со коронавирусот и минимизирањето на последиците кои ги предизивикува овој вирус.
Последна од низата од вести е и изјавата на Лукашенко дадена 12.04.2020, година, во која тој вели дека во Белорусија никој нема да умре од коронавирусот и дека е пронајдена комбинација од лекови кои лечат од корнавирус. Истата вест е пренесена од голем број на портали во С. Македонија.
Еден од изворите од кои ги земаат порталите во Македонија вестите за Лукашенко е српскиот портал Спутник.
Но каква е реалната слика со корнонавирусот во Белорусија?
Она што е факт е дека до моментот на завршување на овој текст (18.04.2020), во Белорусија има 4.779 лица кои се заразени од вирусот Ковид-19, додека како последица од вирусот животот го загубиле 42 лица. Првиот случај во земјата е регистриран на 28 февруари и во последните денови е регистриран тренд на зголемување на бројот на заразени лица.
Претставникот на Светската Здравствена Организација, Патрик О’Конор, на прес конференција одржана на 11 април, ги повика властите во Белорусија да ги заострат мерките за да се спречи понатаможното ширење на вирусот. Според него, Белорусија влегува во загрижувачка фаза.
“Белорусија влегува во нова фаза од развојот на епидемијата. Гледаме дека вирусот се пренесува во заедници. Оваа состојба е загрижувачка и бара нови мерки“, рече тој на прес-конференција.
Во прилог на ова тврдење оди и фактот дека на денот кога е дадена оваа изјава (11.04.2020) вкупниот број на официјално заболени во Белорусија бил 2.226 додека пак на 17.04.2020 оваа бројка достигнува 4.779 што претставува двојно повеќе за само 6 дена.
Во врска со комбинацијата на лекови за справување со коронавирусот, факт е дека во овој момент научната јавност и здравствените системи употребуваат комбинација од лекови за третирање на болеста развиена од коронавирусот. Но сите тие обиди се суште уште во фаза на истражување и не може да се каже колкава е нивната ефикасност а уште помалку какви се последиците од нивната употреба. За тоа, препорака на СЗО и на здравстените институции е дека во моментот најдобар лек е изолирањето, социјалната дистанца и личната хигиена.
Повеќе во врска со шпекулациите за разните лекови кои помагаат во борбата против корнавирусот можете да прочитате на овој линк.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО