Не постои доказ дека граничната контрола помеѓу овие соседни земји ќе биде укината. Напротив, контролата на границата ќе ја спроведуваат заеднички единици од двете страни, во овој случај Албанија и Косово, што може да се види тука. Оваа статија претставува дезинформација во форма на спин, што може да се види од развој на статијата на интернет.
Информацијата која посочува и објаснува добра практика (каква што е воспоставена помеѓу Албанија и Црна Гора), преземена e од одредени портали кои ја спинуваат информацијата дека граничната контрола ќе биде комплетно укината, претставувајќи ја како чекор кон „Голема Албанија“.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО