Во моментот кога, Европската унија ги затвори сите граници во Шенген-зоната во обид да ја спречи пандемијата на коронавирусот, од која Стариот континент сега е епицентарот. Овој драстичен одговор, за кој некои сметаат дека е производ на слаба и бавна европска администрација, исто така се впушти во популистичкиот наратив на екстремно десницата, при што се претвори во добивка на внатрешните социјални политики и затворените нации. Здравствената криза на коронавирусот е индикативен за она што веќе долго време е тренд на потценување на темелите и принципите на ЕУ, како и на демократијата.
Историски гледано, екстремната десница има корист од катастрофи. Нивната тактика се потпира на убедување на луѓето дека нешто – земја, богатство, идентитет – е неправедно украдено од нив од страна на „друго“, вон група што обично се дефинира со раса, религија или политички идентитет. Затоа луѓето се поприемчиви на тие аргументи кога доживеале вистинска загуба или пад на животниот стандард.
Односно, со цел да се раздели и да се игнорираат фактите, популистичкиот дискурс привлече сè поголем удел на европскиот електорат во последните години. Вистината е дека демократите во Европа исто така ќе треба да ја вратат контролата врз наративот. Во време на криза, преовладува песимистичкото верување, дека животот станал лош, дека економијата се приближува до колапс и дека моралните и социјалните вредности се на најниско ниво. Станува лесно да се обвинат малцинствата или мигрантите. Прогресивните треба да развијат наратив за иднината, истакнувајќи ги идеите за отвореност, плурализам, економски напредок и наднационална соработка. Една нова можна приказна би можела да биде, на пример, дека Европа се обидува да ја направи глобализацијата како одговорна, со преземање на водството во борбата против коронавирусот.
Без оглед на траекторијата на оваа пандемија, можеме да кажеме со сигурност дека огромен број луѓе ќе имаат променети околности и ќе жалат за своите загуби. Затоа, можноста за екстремната десница е да се најде начин да ги убедат многуте жртви од оваа појава дека она што го изгубиле е неправедно украдено од нив и да се искриви оваа нова реалност, така што ќе одговара на нивните постојни наративи.
Според теориите на заговор дека Ковид – 19 е кинески био – оружје, со сугестии дека вирусот или избегал или е намерно пуштен од Институтот за вирологија во Вухан, и покрај огромното мнозинство на експерти што веруваат дека вирусот се појавил природно во животинскиот свет пред да го направи скокот кон луѓето. Оваа теорија доби покриеност во главните медиуми, вклучително и во „Дејли експрес“, во кое се наведуваат тврдењата направени во интервју за „ИнфоВарс“ на Алекс Џонсон, без да се спомене долгата историја на бизарни заговори кои шоуто претходно ги одобри.
Постојна теорија на заговор што доби поттик од пандемијата е анти-5G движењето, кое верува дека зрачењето што ја емитира безжичната интернет мрежа има негативно влијание врз здравјето.
Теориите за заговор варираат од идејата дека симптомите на Ковид – 19 се директни несакани ефекти од зрачењето, до идејата дека мрежите од 5G го деградираат човечкиот имунолошки систем и со тоа ги прават луѓето поранливи на вирусот. Застапниците на оваа теорија користат лажни или фалсификувани мапи за да тврдат дека распростаноста на вирусот во некои земји е поголема поради надоградувањето на 5G мрежата, како доказ за нивните тврдења, игнорирајќи ги многуте алтернативни фактори кои објаснуваат зошто одредени земји и региони може да бидат повеќе изложени на коронавирусот, како што се населението и повисоките нивоа на туризам.
За екстремната десница, како што се неонацистите и белите супремасисти, кои сакаат да го видат општеството уништено и повторно изградено во повеќе омразена слика, пандемијата предизвика многу поголема возбуда и исчекување отколку негирање. Екстремната десница не веруваат во работат постојните рамки за да се постигнат промени, туку дека економски пад и негативниот потенцијал на пандемијата е нешто што треба да се слави отколку да се минимизира.
На платформите како што се каналите 4chan, 8kun и екстремно десничарската платформа Telegram, пандемијата предизвика огромна возбуда, при што анонимните корисници се воодушевуваат за можноста да се пофалат со анти-кинеска реторика, теории на заговор и радосно очекување на опшествен неред.
ФБИ, ги предупредува полициските сили дека наводно белите супремасисти ги охрабруваат своите следбеници намерно да го шират Ковид – 19 во еврејските заедници. Иако ваквите закани несомнено се направени, важно е да се постават во контекст на екстремно десничарските онлајн тактики. Покрај вистинската терористичка закана поставена од екстремната десница, тие исто така се обидуваат да создадат страв и да привлечат внимание што далеку го надминува нивниот оперативен капацитет. Ваквите закани треба да бидат ставени во контекст на изразената желба од страна на крајната десница, за користење на пандемијата како средство за поттикнување на паника, отколку автоматски да се земаат по номинална вредност.
Екстремната десница напредува со страв, отуѓеност и очај и се потпира на дезинформации и измамени наративи за да ги претвори тие чувства во гориво за нивната агенда. Вистината е дека ние не смееме да си дозволиме да ја игнорираме оваа закана, ниту пак да станеме мета на нивната агенда.
Мерал Мусли Тајроска – психолог, консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост.
Извори: Hope Not Hate, The Interpreter
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО