Замислете ја кризата на коронавирус, без новинари за да ја пријавуваат неправдата на надлежните.

Таква реалност постои: во Русија, прво е претепана новинарката на Новаја Газета, Елена Милашина, а потоа водачот на рускиот регион во Чеченија и се закануваше, за на крај таа да остане без поддршка и статијата која таа ја напиша за КОВИД-19 биде отстранета од веб-страницата на весникот, по барање на руските сојузни власти.

Случајот на Елена Милашина може да се следи на англиски јазик благодарение на билтенот на Новаја Газета, кој го опиша физичкиот напад врз неа и адвокатот Марина Дубровина во февруари, а заканите од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров може да се види преку јавно видео во април, при што руската влада нареди да се симне статијата што го предизвика бесот на Кадиров.

Сега избришаната статија во Новаја Газета „Смртта од коронавирус е помало зло“, опишува како граѓаните во Чеченија се заклучени дома поради КОВИД-19, истовремено го кријат фактот дека се заразени, бидејки се плашат од одмазда од страна властите, кои заразените од коронавирус ги споредувале со „терористи“.

Новаја Газета реагираше со изјава под наслов „Не беше избор на уредувачот: Канцеларијата на јавниот обвинител побара да се блокира статијата на Новаја [Газета], поради критика од Рамзан Кадиров“.

Целата статија може да ја прочитате тука.

 

Извор: EUvsDisinfo

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.