Потпретседателот на Европската Комисија Жозеф Борел најави санкции за решавање на сериозни кршења на човековите права. Документот или законот којшто ќе се спрема ќе биде сличен на таканаречениот „Magnitsky Act“ на Соединетите Американски Држави којшто во 2012 година го потпиша тогашниот американски претседател Барак Обама. Што е „Magnitsky Act“? „Magnitsky Act“ бил создаден за да се санкционираат руските службеници за кои се мислело дека биле одговорни за смртта на Sergei Magnitsky, даночен советник од Русија.Магнитски починал на 16 ноември 2009 во една од затворските ќелии на затворот „Матроскаја Тишина“ во Москва, додека траела истрагата против него за наводно лажни клевети кон Руската влада за кражба на државни пари. Магнитски бил задржан 358 дена во затвор, и само девет дена пред да помине законскиот рок од една година за задржување во притвор доколку сеуште нема обвинение, бил пронајден мртов, и со знаци на физичко насилство. Ова се сметаше за еден од најгрубите случаи на кршење на човековите права во модерно време. Овој случај ги крена на нозе сите демократски земји, а пак САД на сите кои се мислело дека имале некаква врска со смртта на Магнитски, им забранил да влезат во нивната зема и да го користат нивниот банкарски систем. Европската Комисија не дала многу детаљи за тоа што ќе состои законскиот текст за санкции кон кршачите на човековите права, но судејќи по примерот на „Magnitsky Act“ којшто ќе биде репер на законското решение на ЕУ, тие што ќе прекшуваат човекови права ќе подлегнат на ригорозни санкции од земјите од Европската Унија кои што се силни подржувачи на оваа идеја, како што рече потпретседателот на Европската Комисија Жозеф Борел.„Земјите-членки на ЕУ се информирани, и тие покажаа широка поддршка за овој акционен план за човекови права и демократија, којшто мојот тим ќе го подготви за следните пет години. Предлогот ќе го претставиме на почетокот на следната година. ..Имаме широк консензус меѓу земјите членки. Знаете дека не би можеле да делуваме доколку не би имале заедништво“, изјави Жозеф Борел, потпретседател на Европската Комисија.Борел објасни дека имаат методи за да се справат и со сајбер безбедноста.Земјите на ЕУ имаат пракса на санкции кон руски службеници и од други земјиОд 90-тите, Европските земји имаат усвоено повеќе санкции кон трети земји поради прекшување на човекови права. На пример, покренати се санкции кон Кина поради насилство врз демонстранти на протестите во 1989 година на плоштадот Тиананмен. Санкции имаше и кон Белорусија, поради исчезнувањето на опозициски активист и новинар во 2004 година. Кон Иран во 2011 година имаше санкции поради репресија над мирни демонстранти и поради злоупотреба на смртната осуда. Истата година, се поставија санкции и над Бурунди која што исто така употребила прекумерна сила кон демонстранти, во 2015 година. Санкции се покренаа и кон Венецуела која што според ЕУ, правела репресија кон цивилниот сектор и демократската опозиција во 2017 година. Најчестите санкции кои што се користат се забрани за влез во државите на ЕУ, забрана за продавање на оружје на државите кои прекршуваат човекови права и слично. Индивидуалци кон кои се покренуваат санкции како забрани за влез во ЕУ државите обично се министри, војници или полицајци, тајни агенти, обвинители и изборни службеници. Освен санкциите, ЕУ може исто така да ги стопира развојните проекти за помош на државите. Пет држави како Канада, Естонија, Литванија, Обединетото Кралство и Латвија усвоиле слични закони за санкции кон прекршувачите на човековите права како тој на САД (Мagnitsky Act“). Канадскиот закон таргетираше службеници од неколку држави, а пак Балтичките земји објавиле санкции само кон руски службеници. Велика Британија не ги објавуваше имињата на тие кои што биле санкционирани. Иако „Мagnitsky Act“ беше документ создаден исклучиво за санкционирање на прекршувачи на човекови права и за корупција, не се знае дали ЕУ ќе го следи истиот модел, или пак ќе се фокусира само на прекршување на човековите права.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО