Покрај суровите мерки во земјата, еден жител на Актау, наводно, скокнал од прозорецот од третиот кат и го скршил грбот додека се обидувал да избега од станбена зграда каде што бил запечатен додека ги посетувал роднините. Целата зграда беше запечатена откако средовечна двојка во еден од становите се тестирале позитивно за КОВИД-19, според извештаите на медиумите. Но, вистината е дека се појави друго видео со кое се потврдува дека градската управа на Актау навистина ги заклучувала влезните врати на становите однадвор.
Верувам дека многу луѓе слушнале за книгата „
Црвената Буква“ од Натаниел Хаторн. Ако не, дозволете ми да ви дадам краток опис за што се работи; Во Црвената Буква, идејата за грев и казна е главната тема на романот, а Хестер Прин е главниот лик, и таа е казнета за нејзиниот грев на прељуба, па поради тоа е брендирана со црвената буква А, која мора цело време да ја носи. Дефиницијата на црвената буква е идентификациска ознака или марка поставена на некој што извршил прељуба.Можеби се прашувате зошто би ја спомнала оваа книга, имено во делови од Казахстан, властите одлучија да ги кренат мерките за карантин за ниво „погоре“, затворајќи стотици жители во нивните домови. Еден локален новинар во Казахстан, Петр Тротсенко, изјави за
Дожд, независниот руски телевизиски канал и
Радио Азатик, кој е дел од Радио Слободна Европа / Радио Слобода, за овој настан. Фотографиите и видеата споделени преку социјалните медиуми покажаа дека влезните врати на зградата се запечатени однадвор. На овие врати беа додадени мали правоаголни отвори, слични на оние што се наоѓаат во затворските ќелии, преку кои може да поминат намирници и други основни суровини.
(Слика од објавата на Фејсбук на кои се прикажани запечатени врати во станбените згради во Казахстан, како дел од мерката против КОВИД-19.)
Казахстан, поранешна советска република во Централна Азија, беше првата земја во регионот што беше погодена од пандемијата на коронавирусот, а првите три случаи беа потврдени на 13 март. Сега, повеќе од еден месец подоцна, статистиката на коронавирус во земјата останува релативно ниска : Од 17 април, Казахстан, со вкупно население од 18,7 милиони, пријавиле 1.498 позитивни случаи на КОВИД-19 и 17 смртни случаи.Земјата презема рестриктивни мерки за борба против ширењето на КОВИД-19. Владата прогласи вонредна состојба и на национално ниво воведе мерки на заклучување и останување дома во средината на март, тоа беше уште пред земјата да ја регистрира првата жртва на коронавирусот.Сместен на брегот на Каспиското Море и некогаш „таен“ советски град за рударство со ураниум, Актау сега е центар на нафта во Казахстан. Списанието „Форбс“ го опиша градот како „на одлична позиција на коридори за новиот пат на свилата“.Покрај суровите мерки во земјата, еден жител на Актау, наводно, скокнал од прозорецот од третиот кат и го скршил грбот додека се обидувал да избега од станбена зграда каде што бил запечатен додека ги посетувал роднините. Целата зграда беше запечатена откако средовечна двојка во еден од становите се тестирале позитивно за КОВИД-19, според извештаите на медиумите.На 4 април, градската управа на Актау се обиде да ги демантира овие објавувања на социјалните мрежи, велејќи на својата официјална страна на Инстаграм дека се „неточни“. „Имаше многу неточни информации што кружат на социјалните медиуми од луѓе кои тврдат дека вратите се запечатени, со само една мала дупка во нив“, рече градскиот управител на Актау во објавата на руски јазик.Според интернет-агенцијата „
Нур.кз“, градскиот управител на Актау во својата објава на Инстаграм тврди дека влезната врата на една од станбените згради, чија фотографија е објавена на Интернет, не била заклучена од надвор. Наместо тоа, вели, „само на надворешноста е ставена бравата“.Администрацијата на градот Актау објави видео на кое се гледа лице кое носи заштитна опрема како ја отвора тешката метална врата однадвор. Едно друго лице беше снимено како ја тресеше бравата на свежо заварената врата за да докаже дека може да се отвори. Но, вистината е дека се појави друго видео со кое се потврдува дека градската управа на Актау навистина ги заклучувала и жигосала влезните врати на становите однадвор.Како да не беше доволно тоа што луѓето се обидуваат да сторат сé што можат да се придржуваат кон ново настанатата ситуација, администрацијата во Казахстан ги влошува работите со кршење на човековите права и лажење на јавноста за суровите мерки. Мерал Мусли Тајроска - психолог, консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост. Извори:
Polygraph.info