ОПИС

Оригинален наслов: ДЕТСКИ ПЛAЧ, ПPEДИЗВИКАН ОД ЛОКАЛНИТЕ ШЕРИФИ: Во Штип без причина се претрecуваат возила на членови на опозициjaта, на ден на избори

Во текстот се изнесуваат обвинувања до штипската полиција дека наводно „додека пред нивни очи се делат пари на гласачи“, таа претресува возила на членови на опозицијата.

Во насловот на веста е ставено дека има и детски плач, а тоа наводно во текстот без потпис треба да е поткрепено со матна слика на која тешко може да се забележи дали детето плаче.

Оригинална статија

Архивирана статија

ФАКТ/И

Намерата е да се поттикне гнев кон полицијата, која наводно малтретира членови на опозицијата  а притоа страдаат и нивните семејства, во случајот  дете. Насловот на текстот е шпекулативен, не е поткрпен со ниту еден доказ, макар и изјава од лицето кое било сопрено од полицијата и според текстот на овој медиум, неправедно малтретирано. Не е јасно дали фотографиите се направени на денот на изборите, што само по себе предизвикува дилема “зошто член на опозицијата би молчел и не би го обелоденил ваквото вознемирување од страна на полицијата“? Дополнително, во Билтенот за Изборниот ден на Министерството за Внатрешни Работи, ваков настан не е воопшто заведен.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.