Според СЗО (Светска Здравствена Организација), во 1980 год. боледувале 108 милиони луѓе од шеќерната болест (Diabetes Mellitus), во 2013 бројката на заболени скокнала на 382 милиони додека пак во 2017 год., бројката на заболени стигна до 425 милиони луѓе ширум светот.СЗО проценува дека дијабетесот бил причината за 1.5 милиони смртни случаеви во 2012 што го прави 8-миот најсмртоносен фактор во светот.Високите бројки на заболени нека не Ве држи во незнаење за појавувањето за оваа болест и во времето пред нашата ера. Иако честопати се реферира на оваа болест како модерна болест во цивилизираниот свет, нејзината појава беше опишана и во античките ракописи од страна на Египетските, Индиските и Грчките лекари.За време на Римското Царство шеќерната болест се разгледуваше како многу ретка, време кога Гален (грчки лекар, хирург и филозоф) коментирал дека наишол на две ситуации за време на неговата кариера.Што претставува Diabetes Mellitus (Шеќерна Болест)?Шеќерната болест се однесува на група на болести кои влијаат на тоа како вашето тело користи шеќер во крвта (гликоза). Гликозата пак е од витално значење за вашето здравје затоа што е важен извор на енергија за клетките што ги сочинуваат вашите мускули и ткива. Таа истотака е главниот извор на гориво на мозокот.Основната причина за дијабетесот варира според типот, но без оглед на тоа каков вид на дијабетес имате, тоа може да доведе до висока концентрација на шеќерот во крвта. Зголеменото ниво на шеќер во крвта може да доведе до сериозни здравствени заболувања.Што е дијабетес тип 1?Причината за појава на овој тип е непозната. Она што е познато е дека вашиот имунолошки систем – кој нормално се бори со штетните бактерии и вируси, ги напаѓа и ги уништува вашите клетки кои произведуваат инсулин во панкреасот. Поради ова останувате со малку или без инсулин. Наместо да се транспортира во вашите клетки, шеќерот се акумулира во вашиот крвоток.Дијабетес тип 1 се смета дека е предизвикан од комбинација на генетска подложност и фактори на животната средина, иако точно кои се тие фактори се уште е нејасно.Причина за појава на предијабет и дијабет тип 2?Кај предијабетес кој може да доведе до дијабет тип 1, и дијабет тип 2, вашите клетки остануваат отпорни на дејството на инсулинот, а панкреасот не е во состојба да создава доволно инсулин за да го надмине овој отпор. Шеќерот наместо да се пресели во вашите клетки каде што има потреба за енергија, тој се акумулира во крвотокот.Генетските и еколошките фактори играат улога во развојот на дијабетес тип 1 и 2. Да се биде со прекумерна тежина е силно поврзано со развојот на дијабет тип 2, но не секој со тип 2 е со прекумерна тежина.Што треба да знаете за третманот на ова заболување?Порталот Инфомакс тврди дека еден лекар од Филипините Др. ЏЕИМ Ди Лако пронашол лек за дијабетесот односно направил мешавина во која се содржани минералите кои се потребни за борба против ова заболување. Иако оваа мешавина не е штетна за здравјето, да се тврди дека е лек против ова сериозно заболување е ризично само по себе.Тоа од фактот дека како што ги објаснивме двата типа на дијабетес највеќе ги засегнуваат пациентите, кај тип 1 мора да се даде инсулин, а кај тип 2 се даваат медикаменти како што е метформинот (Глукофаж), а покрај ова се препорачува и физичка активност и кај двата типа на дијабетес како и здрава исхрана.Како за крај ве советуваме дека ако се одлучите да користете алтернативна терапија како што нудат од порталот Инфомакс, да не престанувате да ги земате лековите што ви ги препишал вашиот лекар. Ве замолуваме да се консултирате со вашиот лекар за да бидете сигурни дека овие алтернативни терапии нема да предизвикуваат несакани реакции во вашиот организам. Покрај тоа не постојат третмани алтернативни или конвенционални кои можат да излечат дијабетес, па затоа е критично дека луѓето кои примаат инсулинска терапија за дијабетес да не престануваат со користењето на иснулинот освен ако не се насочени да го сторат тоа од страна на нивните лекари.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.