На кого му е потребна вакцина против ХПВ?
Колку дози се потребни?
Што е со несаканите ефекти?
Хуман папилома вирусот е најприсутен сексуално пренослив вирус кој ги напаѓа кожата и слузокожата на различни делови од човечкото тело. Подеднакво ги напаѓа и жените и мажите. Најчесто, тоа ги засега младите лица веднаш по стапување во сексуални односи. Многу луѓе заразени со ХПВ може да не покажуваат никакви знаци или симптоми, но сепак тие можат да го пренесуваат вирусот на други незнаејќи дека го носат во себе. Се пренесува преку полов однос, најчесто при вагинален, анален и орален контакт, но можно е да се пренесе и од мајка на новороденче при породувањето.
1.За кого е наменета вакцината против ХПВ и кога треба да се прими истата?
Вакцината против ХПВ се препорачува рутински за девојчиња и момчиња на возраст од 11 до 12 годишна возраст. Идеален период е вакцината да биде примена пред да имаат сексуален контакт или се изложени на ХПВ. Откако некој е заразен со ХПВ, вакцината може да не биде толку ефикасна или може воопшто да не делува. Одговорот на вакцината е подобар кај младите отколку кај постарите.
Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) препорачуваат, сите 11 и 12 годишни деца да примат две дози вакцина против ХПВ во рок од 6 месеци, наместо претходно препорачаниот распоред на три дози. Истражувањата исто така покажаа дека распоредот со две дози е ефикасен за деца под 15 години. CDC сега препорачува вакцинација за ХПВ на сите луѓе на возраст од 26 години кои не се соодветно вакцинирани.
2.Кој не треба да ја прими вакцината против ХПВ?
Вакцината за ХПВ не се препорачува за бремени жени или лица кои се умерено или сериозно болни. Треба да го известите вашиот лекар доколку имате алергии вклучувајќи и алергија на квасец и латекс. Или доколку се развила алергиска реакција од некоја од компонентите на претходната земена доза на вакцината исто така е контраиндицирано за примање на вакцината.
3.Дали може да имате придобивки од вакцината против ХПВ, доколку веќе сте сексуално активни?
Одговорот е да. Дури и ако веќе имате еден вид на ХПВ, пак би можеле да имате корист од вакцината, бидејки може да ве заштити од други видови кои сеуште ги немате. Сепак, ниту една од вакцините не може да третира постоечка инфекција со ХПВ. Вакцините ве штитат само од специфични видови на ХПВ на кои веќе не сте биле изложени.
4.Дали вакцината против ХПВ носи ризици по здравјето или предизвикува несакани ефекти?
Севкупно несаканите ефектите се доста благи. Како најчести несакани ефекти на вакцините против ХПВ се појавувањето на болка, оток или црвенило на местото на инјектирањето. Понекогаш се јавуваат вртоглавица или несвестица по инјектирањето. Останување во седечка положба 15 минути по примање на вакцината може да го намали ризикот од несвестица. Покрај тоа, може да се појават главоболки, гадење, повраќање, замор или слабост. Сепак CDC (Центрите за контрола и превенција)и FDA (Американската администрација за храна и лекови) продолжуваат да ги мониторираат вакцините за избегнување на невообичаени или сериозни проблеми.
5.Дали вакцината за ХПВ е услов за запишување во училиште?
Вакцината против ХПВ е дел од рутинскиот распоред за вакцини за детската возраст. Дали вакцината станува услов за запишување на децата во училиште, се одлучува на државна основа.
6.Дали жените кои примиле вакцина против ХПВ сеуште треба да направат ПаП – тест?
Одговорот е да. Вакцината за ХПВ не е наменета да ги замени пап тестовите. Рутинскиот скрининг за карцином на грлото на матката преку редовни пап тестови со почеток на 21 годишната возраст од животот останува суштински дел од превентивната здравствена заштита на жената.
7.Што би можеле да направите за да се заштитите од карцином на грлото на матката ако не сте во препорачаната група за примање на вакцината?
Како што напоменавме погоре, ХПВ вирусот се шири преку сексуален контакт (орален, вагинален и анален). За заштита од ХПВ треба користење на кондом при сексуален однос. За откриење на карциномот на грлото од матката во најраната фаза, треба да направите редовни пап тестови кои започнуваат да се применуваат во 21 годишната возраст. Ако забележите знаци или симптоми од типот на вагинално крварење после сексуален однос или после менопауза, болка во карлицата или болка за време на сексуалниот однос тогаш треба да го известите вашиот лекар за понатамошни тестови за рано откривање на карцином ка грлото на матката.
Во земјите, особено развиените, во кои скрининг програмата е успешно спроведена, забележан е драматичен пад на инциденцата и смртноста од рак на грлото на матката.
Во Република Северна Македонија согласно Програмата за рано откривање на малигни заболувања, воведен е бесплатен скрининг со ПАП тест за жени на одредена возраст. Матичните гинеколози ги покануваат жените на преглед, а жената потребно е да покаже интерес и грижа за сопственото здравје и да го посети својот гинеколог.
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека сосема е безбедно учениците да ја примат вакцината против ХПВ (Хуманиот папилома вирус) и покрај актуелната епидемија со Ковид -19.
Иднината во превенцијата на цервикалниот карцином се состои во синергизам на вакцинацијата како примарна превенција заедно со скринингот (ПАП тестот) како секундарна превенција.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО