Мит:
Владата дава пари на семејствата на починати за да дозволат регистрирање на Ковид како причина за смртта Факт:
Тврдењата за поткуп се лажни, жртвите од Ковид се реалниВеднаш по првите регистрирани случаи со Ковид19 во земјава се појавија разни теории на заговор. Дел од нив не ги поштедија ниту жртвите од вирусот и нивните семејства. Откако претходно се ширеше наратив дека државата наводно плаќа одредена сума пари на семејства за да потпишат дека нивните најблиски починале од Ковид19, на
27 април корисник на Твитер посочи таков наводен случај. Според него, на семејство од с.Љубин му биле понудени 2000 евра за да каже дека нивен член починал од коронавирус.
Меѓутоа утредента, на 28ми април, таквите тврдења беа демантирани.
Новинарот Фуркан Салиу разговарал со потесното семејство на починатиот кои категорично демантирале дека било кој им нудел пари за нешто. Семејството ги објаснило околностите во кои нивниот близок починал и бил погребан.
Тоа не беше единствен случај на ваква опасна пропаганда. Голем број други корисници на социјалните мрежи, жртви или ширувачи на таквата пропаганда, пишуваа за овие наводи. Еве дел од нив:
Ваквите тврдења се опасни и предизвикуваат недоверба на граѓаните во институциите. Недовербата и скептицизмот поттикнати од пропагандата, како што видовме во оваа криза, може да се одрази со недоволна претпазливост кон мерките за заштита од вирусот. На крајот тоа ги загрозува сите граѓани и за жал во некои случаеви цената се плаќа со човечки животи.