На 17 јуни 2018, Владата го потпиша Преспанскиот договор и со тоа го реши дводеценискиот спор околу името со Грција. Подоцна, на 11 јануари 2019 година Собранието изгласа промена на Уставот со што ја официализираше и промената на името на земјата во Република Северна Македонија, отворајќи го патот на земјава кон НАТО и ЕУ. Во оваа временска рамка особено се вжештија напорите на руската пропаганда, чија цел беше да се спречи договорот за името. Русија во неколку наврати се обиде да го поткопа.  Патот на земјава кон НАТО со овој договор, стана уште еден неуспешен обид на Русија во нејзините напори за влијание  во Источна и Централна Европа, но и Балканот како посебен фокус.06.02.2019  беше следниот историски ден кога земјите членки го потпишаа протоколот за пристапување во НАТО Алијансата. Само ден потоа, на 07.02.2019 Марија Захарова, портпаролката на руската Влада,  на прес предупреди дека Скопје ќе мора да плати со тоа што ќе ја изгуби можноста за спроведување на своја автентична надворешна политика, како членка на НАТО.Официјално, Русија ја призна земјава под новото име Република Северна Македонија.  Пристапот во НАТО, нема да донесе ништо добро  ни за Северна Македонија, ни за Европа, се пораките кои ги испраќаа официјалните лица на руската Влада.Грчката Влада протера двајца руски дипломати поради мешање во внатрешните работи, објави Катимерини. Руското МНР во своја одбрана за овој настан, посочи дека зад оваа одлука на Владата на Грција стои Западот, што беше пренесено и на одредени медиуми во земјава.Државниот секретар за одбрана на САД, Џим Матис за време на неговата посета во Скопје, изрази силна загриженост за тоа дека групи финансирани од Русија, постојано се обидуваат да го поткопаат договорот.Според истражувачките извештаи на новинари во 2017, Северна Македонија била подложна на серијска  субверзивна, пропаганда и разузнавачка активност, реализирана преку амбасадата на Руската федерација. Руската субверзивна политика спроведена преку дипломатики канали, користи мека сила. Во разузнавачките извештаи е наведено дека главна цел на Русија е изолација на Северна Македонија, со цел создавање можност за реализација на стратегија за создавање неутрална зона на Балканот. Партијата на Путин, за оваа цел, иницираше регионална платформа.Македонскиот премиер откри дека руски бизнисмени плаќале лица од земјава да протестираат и да предизвикуваат и вршат насилство, особено пред Референдумот за името кој се реализираше на 30.09.2018 година. Според проектот за известување за организиран криминал и корупција,  еден од најбогатите бизнисмени во Русија, Иван Савидис платил најмалку 300.000  евра на македонските учесници во борбите против НАТО и против промена на името. Овие пари им биле исплаќани на македонски политичари,  екстремни националистички организации и фудбалски хулигани.Неколку недели пред гласањето, платформите за социјалните медиуми станаа главни канали за политички ставови, но и вистинска арена каде смислено се поларизираа лажни содржини. Руската дезинформативна агенда се фокусираше на поттикнување на силно патриотско расположение кај Македонците кои не сакаат земјава да влезе во НАТО и ЕУ, преку промена на името како цена.Една од тезите кои се пласираа, беше таа во која се тврдеше дека Северна Македонија е уценува од Западот, со договорот за името, како гаранција за влез во НАТО.  На платформата Твитер со хаштагот Бојкотирам се поттикнуваше бојкот за гласањето на Референдумот.  Оваа група генерираше повеќе од 24. 000 постови, а 20 000 беа ретвитани. На Фејсбук се искористи сличен рецепт. Неколку недели пред Референдумот се појавија околу 40 нови профили со порака за бојкот.  Стотици нови онлајн медиуми беа дел од оваа стратегија. Тие користеа дезинформации како главно оружје. Еден од наративите за дезинформирање беше споделен на Експрес според кој се тврдеше дека Гугл не елиминирал од листата на признати јазици.image„Бојкот на референдумот“, „ Не ја уништувај Македонија“, „Заев предавник“, беа дел од пораките кои скоро истовремено се споделуваа на онлајн мрежите или преку онлајн медиумите.  Во структурата на кампањата за бојкот, беа искористени сите алатки: политички ботови, организирано тролање, дезинформации, говор на омраза. Помеѓу политичките актери, најгласна беше „ Обединета Македонија“ која беше главен поддржувач. Посетите на западните лидери, беа сигнал за аларм за шпекулативната битка.  Интересно е да се нагласи дека оваа битка не се водеше само во земјава. Во Русија се појави цела серија написи, чија цел беше добро позната. На онлајн порталот web-tribune.com се појавија цела серија од шпекулативни написи. Порталот нема импресум и главен уредник, а се користи за хранење на други проруско ориентирани портали со цел да се овозможи брзо ширење на руската пропаганда. Во фокусот на нивните текстови беа  руската воена моќ, улогата на Русија како сојузник и сл.imageИнтересно е да се напомене дека голем дел од овие написи беа превземени и обработувани од весникот Вечер, додека со него уредуваше Ивона Талевска. Овие текстови сега се избришани од архивата.Последен обид за ширење на овој наратив има во изјавата дадена од страна на амбасадорот на Русија во Србија, нешто за што тимот на F2N2 пишуваше претходно.Земјава од руските медиуми е претставена како топовско месо или како предмет на многу уцени. Тие се надеваа дека неуспешниот референдум или лошото гласање во Парламентот, ќе бидат добра основа за предвремени избори на кои Владата на Заев ќе изгуби.Руската пропаганда го таргетираше и албанското население, а во игра ја вклучи и Тиранската платформа.Договорот за промена на името е успешен. Земјава ќе стане 30 земја членка на НАТО. Но, руската пропаганда сеуште e активна.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.