Дезинформација бр:
Дата:
Извор:
Време на читање:
мин.
ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Оригинален наслов: ЈУЛИ 2021 – КАТЕДРАТА ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ БЛАЖЕ КОНЕСКИ НЕ Е УКИНАТАНа 28- ми февруари
одредени портали го објавија тврдењето на Коцарев дека се брише се што е македонско, се укинуваат катедрите по македонски јазик и книжевност. Македонскиот јазик и македонската книжевност ќе заминат во историјата. Првиот човек на МАНУ, Љупчо Коцарев предупредува дека наводно УКИМ планира да ги укине овие две катедри на Филолошкиот факултет. Според него се удира по се што е македонско. Вели ова е последниот удар во името на Конески, во годината во чест на Конески.
ТВ Алфа го поткрепи ова негово тврдење со дезинформација претходно искажана од универзитетската професорка Јасна Котеска која предупредила дека наводно македонскиот јазик ќе се брише од Филолошкиот факултет. За ваквиот можен потег на УКИМ, ТВ Алфа извести дека истиот доаѓа во моменти кога од Бугарија стигнуваат пораки дека македонскиот јазик бил бугарски дијалект, а бараат и официјално да признаеме дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година. Оваа анализа дава осврт за развојот со горенаведените тврдења од временска дистанца од повеќе од 4 месеци, како и вистинитоста на тврдењата изнесени погоре.
РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Катедрата за македонски јазик на Филилошкиот факултет не се укинува. Тврдењето на Коцарев не е точно, а порталите без да ја проверат вистинитоста на неговото тврдење, ја пренеле дезинформацијата.И “предупредувањето” на универзитетската професорка Јасна Котеска од пред повеќе од еден месец беше дезинформација за која
FN веќе пишуваше.Катедрата за македонски јазик и македонска книжевност не се укинуваат. Тврдењата на првиот човек на МАНУ Љупчо Коцарев пренесени во медиумите не се вистина, туку чиста измислица но и уште пострашно претставува опасна манипулација и инсинуација истовремено,
вели во својата реакција на фејсбук рaководителката на Катедрата за македонски јазик, Искра Пановска-Димкова.“
Имено, претседателот на МАНУ во својата изјава кажува тешки зборови кои не ги поткрепува со ниту еден каков било доказ, истовремено не посочува ниту една институција, а не пак лице кое евентуално би се зафатило со укинување на Катедрата за македонски јазик. Категорично тврдам дека досега од ниту едно место до мене како раководител на Катедрата за македонски јазик, не допреле какви било „гласини” дека такво нешто се подготвува од некаде. Во целост сум убедена дека Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ никогаш не би завлегол во некоја таква реформа. Во таа смисла, барам под итно членовите на МАНУ, како највисока академска институција, да се оградaт од ставовите на претседателoт на Академијата, Љупчо Коцарев, изнесени по медиумите. Истовремено ја уверувам македонската јавност дека до колку некој поединец или институција би се дрзнале да чепнат во интегритетот на Катедрата за македонски јазик, ние сите до еден до еден ќе се бориме тоа да го спречиме со сите средства и на сите начини.ѝ Дека станува збор за целосни невистини и манипулации,
реагираа и од Филолошкиот факултет со отворено писмо потпишано од повеќе професори.
“Ја уверуваме македонската јавност дека, доколку некој поединец или институција би се осмелиле да посегнат по интегритетот на Катедрата, ние сите до еден ќе се заложиме тоа да го спречиме, со сите средства и на сите начини”, велат професорите од факултетот „Блаже Конески “Но овие деманти не беа доволни, па порталите продолжија да ја шират дезинформацијата. На 4-март, порталот Експрес објави текст со наслов
(ДОКУМЕНТ) Коцарев и Котеска се во право, постои план за укинување на “македонските” катедри на Блаже Конески. Во содржината се објавува слика само од деловодниот број на документ од Филолошкиот Факултет “Блаже Конески”- Скопје. Документот до кој дошол expres.mk наводно предвидува токму тоа што го објавиле професорката Јасна Котеска и претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев, укинување на двете катедри, пишува порталот.
Текстот на порталот Експрес го објавија следниве портали:
Курир,
Нетпрес,
Плус Инфо,
Република и
The World News.Проф. д-р Искра Пановска-Димкова од Филолошки факултет „Блаже Конески“
се огласи и по оваа дезинформација заради прецизност на исказот и расветлување на нештата:
Катедрата по македонски јазик и јужнословенски јазици постои, а и понатаму ќе постои, но некогаш се надевам дека ќе почне конечно да се вика чисто КАТЕДРА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, и немало и нема никакви обиди за нејзино укинување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”.Kатедрата се вика Катедра за македонски јазик и
јужнословенски јазици и со таквиот назив од осамостојувањето на Македонија досега е рангирана подолу од, на пример, Катедрата за албански јазик и книжевност, Катедрата за турски јазик и книжевност, Катедрата за германски јазик и книжевност, Катедрата за англиски јазик и книжевност и така натаму, зашто на овие катедри се изучува ЕДЕН јазик и ЕДНА книжевност.Документот изваден од архивите е Програма за избор на декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, објавена лани ова време, а дури сега измолкната од архивите (?!). Пановска-Димкова вели : “
Оставам деканката самата да ѝ ја образложи на јавноста…. Во програмата за декан се даваат структурни идеи, визии – како празна матрица, која потоа детално се полни со податоци, студиски програми, предметни програми, за потоа на неколку наврати да помине низ три тела (одобрување од Катедра, од Деканатска управа, и најважно, на крај одобрување со гласање од страна на Наставно-научниот совет на Факултетот). Структурирањето во оддели е одамна завршена работа на факултетите во светот и во земјите од соседството. Така што дали ќе бидат 5 оддели или не, дали Катедрата по македонски јазик и јужнословенски јазици ќе биде една од единиците на Одделот за лингвистика, на пример, или ќе биде една од единиците на одделот Македонистика, ќе дискутира факултетот, но Катедрата ќе постои како што постоела и досега. Јас лично ќе се залагам за следново: Катедрата за македонски јазик (без делот јужнословенски јазици) заедно со Катедрата за македонска книжевност (без делот јужнословенски книжевности) да му припадне на Одделот за македонистика”.Од оваа временска дистанца може да заклучиме дека катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет не е укината, туку напротив е активна и функционална, односно тврдењата на Котеска и Коцарев се дел од еден поширок дезинформативен наратив кој преку извртување на факти има за цел да предизвика страв и огорченост кај граѓаните поради наводното губење на македонскиот идентитет.