ОПИС

Мао Нинг - Портпаролка на Министерството за надворешни работи на НР КинаНа 30 јануари, ТАСС извести за изјава на портпаролката на кинеското МНР, Мао Нинг, во која таа рече дека САД биле главниот иницијатор и главната движечка сила на кризата во Украина, континуирано му доставувале тешко и офанзивно оружје на Киев, со што го продолжувале конфликтот и го правеле поинтензивен. Таа го повика Вашингтон „да престане да профитира од војната“ и „одговорно да придонесе за деескалација“ на конфликтот и да создаде услови за мировни преговори на „заинтересираните страни“.

ФАКТ/И

Ова претставува дисторзија и промовирање на руските наративи за руската агресија врз Украина. Имено, руските дезинформациски наративи редовно содржат полувистини и искривувања кои поради неинформираноста и недостигот на волја за истражување наидуваат на примен кај јавноста. Ова е добар пример во кој фактички најголемиот поддржувач на Украина, САД, е посочен од висок кинески функционер како „профитер и виновник“. Сепак, факт е дека има најмалку 40 земји кои ја поддржуваат Украина – воено, финансиски и со хуманитарна помош, во нејзините напори да ја одбрани нејзината територија од руската неиспровоцирана и неоправдана агресија. Дополнително, ЕУ и институциите на ЕУ се убедливо најголемиот финансиски донатор со над 30 милијарди евра во 2022 година. Напорите на Кремљ да ги претстави САД како „непријател што сака да ја уништи Русија“ е наративот што досега се промовираше од страна на руските власти, додека кинеските функционери и медиумите под контрола на овие држави ги промовираат САД како „главен виновник за војната“. Дополнително, станува практика кинеските функционери и медиумите во сопственост и контролирани од Кинеската комунистичка партија да ги промовираат и користат руските наративи преку дисторзии и деконтекстуализирани полувистини. Со тоа, наративите што ги промовираат овие страни имаат за цел да ја прикријат главната причина за огромната политичка поддршка и различните видови помош што ѝ се даваат на Украина, а тоа е неоправданата и неиспровоцирана руска агресија врз Украина.

Наративот беше предмет на 7 статии  од 7 портали, објавени 11 пати на 10 фејсбук-страници/групи со 582.187 следбеници и 223 интеракции.

Author Image

Content admin

Избор на уредникот

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.