Огромниот раст на популарноста на социјалните мрежи како Facebook во последната деценија, освен многуте придобивки донесе и доста главоболки на политички план. Facebook по дизајн не нуди свои содржини, но затоа пак им нуди простор на физичките и правните субјекти да споделуваат содржини. Тоа овозможи и брз раст на новите медиуми, интернет порталите, но и на пропагандистичките страници кои иако не се идентификуваат како медиуми, вршат слична дејност и пропаганда користејќи го исклучително виртуелниот простор кој што го нуди Facebook. На почетокот овој проблем не беше сфатен сериозно, бидејќи главната цел на повеќето fake news “фабрики„ беше клик бејт, со финална цел финансиска придобивка од различни огласувачи.Меѓутоа, политичките пропагандни сектори брзо се адаптираа на новото време и почнаа да го искористуваат нерегулираниот простор на социјалните мрежи за туркање на своја пропаганда и свои наративи. Техниката со време се усовршуваше до таму што почна да се користи и за ширење на национални државни пропаганди за придобивки во меѓународната политика.Самиот Facebook, но и државите жртви на влијанието на лажните вести го потценуваа овој проблем, се до 2016-та, кога силно светна црвеното светло на алармот.Имено, во јуни 2016-та мнозинството Британци, спротивно на сите очекувања и анкети, го изгласаа BREXIT, создавајќи до ден денес присутни бранови во ЕУ. Многу сериозни анализи (тука и тука) и изјави од британските институции ја обвинуваат Русија за влијание врз резултатите на Референдумот за BREXIT преку лажните вести.Нешто слично се случи и неколку месеци подоцна и со Претседателските избори во САД. Во 2017-та година, САД отвори и официјална истрага за вмешување на Русија во изборот на американски претседател преку својата fake news инфрастуктура. Во тој период и Северна Македонија беше на насловната страница на најпрестижните странски медиуми, поради фамозната „фабрика„ за лажни вести од Велес.Кон крајот на Мај годинава, BBC објави истражување и за обидот за влијание во изборите за Европарламентот преку слична fake news стратегија.Сите овие сериозни последици го натераа и Facebook да не седи со вкрстени раце и да почне специјална борба против оваа појава. Меѓутоа, во неговите последни изјави, директорот на Facebook, Mark Zuckerberg, вели дека неговата компанија не може сама, и дека треба сериозно вклучување и на владите во борбата против лажните вести.Ниту Република Северна Македонија не е имуна од оваа пропаганда, па затоа впрочем постојат и сервисите F2N2, Критинк, Проверка на факти, кои самостојно вршат проверка на фактите на содржините што им се нудат на македонските читатели, и преку својата работа се трудат да понудат објективно разобличување на лажните вести кои го контаминираат виртуелниот простор во земјава.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО