Обидите шпекулации да прераснат во дезинформативен наратив не престануваат По објавувањето на статијата: ИСТ ТЕКСТ СО ЧЕТИРИ РАЗЛИЧНИ НАСЛОВИ ОБЈАВЕН ВО 24 ЧАСА СТАНУВА (ДЕЗИНФОРМАТИВЕН) НАРАТИВ, тимот на F2N2 реши да оди чекор понатаму и да спроведе подетално истражување.Во продолжение Ви ги презентираме наодите.Изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата “Топ Тема” на телевизија Телма е уште еден доказ за брзо ширење на дезинформација нa социјалните мрежи со голем опсег и влијание врз граѓаните, особено кога изворот е официјално лице. Согласно направената анализа на нашиот тим, повторно можеме да заклучиме дека медиумите и оваа вест ја пренесуваа без извршена проверка на нејзината вистинитост и без да биде прашана и втората страна.Веста дека можеби постои средба и договор помеѓу Зоран Заев и ДУИ за политичко редефинирање на државата и исцртување на нови граници беше објавена на 16 портали. Преку социјалните мрежи истата е пренесена од 35 фејсбук/твитер страни/профили. На графиконот што следи може да се увиди вкупниот број на следбеници на фејсбук профилите кои ја споделиле веста од секој од порталите. Портал кој има најмногу споделувања на социјалните мрежи и портал со најголем можен опсег на читатели според бројот на следбеници на фејсбук страните на кои е споделена оваа вестПортал кој има најмногу споделувања на социјалните мрежи, а истовремено е и со најголем можен опсег на читатели според бројот на следбеници на фејсбук страните на кои е споделена оваа вест е порталот kurir.mk. Направената анализа покажува дека веста од kurir.mk е споделена на 8 фејсбук страни со вкупно 978 427 следбеници. Потенцијалниот број на следбеници/корисници до кои стигнала веста се движи од 19 568 до 63 597 следбеници.Забелешка: На сликата е презентиран различен број на следбеници во споредба со табелата погоре, односно 985 340. Ова е само доказ дека постојат затворени профили кои ја споделуваат веста, а кои софтверот не ги обработува поради правилата за заштита на приватноста.(Ве молиме погледнете ја забелешката на крајот од текстот за алгоритамот на Фејсбук за пресметка на опсегот)При анализата, забележано е дека сите портали имаат различен начин на споделување на веста. Порталот javno.mk ја објавил веста 4 пати со различни наслови, а пак некои портали ја објавиле со 2 различни наслови. Симтоматично за kurir.mk e тоа што споделувањето на оваа вест е оркестрирано/автоматизирано, односно споделена е на 8 фејсбук групи во исто време на 11 Јуни во 12:03 часот.Портал со најголем број на интеракции од споделувања на социјални мрежиВеста најмногу интеракции предизвика со објавата од порталот vmro-dpmne.org.mk. Бројот на интеракции изнесува 514, а вкупниот број на следбеници на фејсбук/твитер профилите на кои е споделена оваа вест е 179 001. Потенцијалниот број на следбеници/корисници до кои стигнала веста се движи од 3 580 до 11 635.(Ве молиме погледнете ја забелешката на крајот од текстот за алгоритамот на Фејсбук за пресметка на опсегот)Приказ како се ширела веста од медиумите преку социјалените мрежи.Забелешка: Алгоритамот на Фејсбук односно истражувањата поврзани со Опсегот (Organic reach) покажуваат проценти од 2% (за групи поголеми од 500.000 следбеници до 6.5% за групи со помалку од 500.000 следбеници). За потребите на оваа анализа земен е опсегот од 2% до 6.5%. Со оглед на популарноста на Фејсбук во Република Северна Македонија како и бројот на профили регистрирани на оваа Социјална мрежа, може да се потврди дека горенаведениот процент е многу поблизок до 6.5% отколку до минимумот од 2%.За утврдувањето на опсегот е користена алатката CrowdTangle.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО