Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека им наредил на неговата администрација привремено да го запрат финансирањето на Светската Здравствена Организација (СЗО), поради начинот на кој таа се справува/ше со пандемијата на коронавирусот  – јавува Ројтерс.

“СЗО не ја исполни својата основна задача и поради тоа мора да одговара“ – изјави претседателот Трамп на прес конференција во Белата Куќа. Тој додаде дека, СЗО промовирал кинески “дезинформации“ поврзани со коронавирусот оценувајќи притоа дека тоа довело до уште поголемо ширење на заразата.

Пред само два дена,  Тедрос Адханом Гебресиус, Генералниот Директор на СЗО, запрашан од страна на американски новинар за најавите на Трамп дека би можел да го “прекине“ финансирањето оваа недела, изјави дека разговарал со него пред две недели.

“Тоа што го знам е дека тој изрази поддршка и се надевам дека финансирањето ќе продолжи. Нашиот однос е многу добар и се надеваме дека тоа ќе продолжи,“ изјави Гебресиус.

САД е најголемиот донатор на СЗО кој е стациониран во Женева, придонесувајќи со повеќе од 400 милиони долари во 2019, или околу 15% од буџетот на оваа организација.

Оргиналната статија можете да ја прочитате тука.

 

Целосно превземено од Ројтерс.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.