Интересно е да се види како хероите и негативците се променливо крунисани или демонизирани во рамките на војните за дезинформации за вакцините. За оние што ги привлекуваат теориите на заговор, што е тоа што ги прави Бил Гејтс и д-р Ентони Фауси избрани негативци, а мултимилионерот Кенеди, самопрогласен застапник на „природен живот“ кој профитира од анти- пораки за вакцинирање, во Месијата на движењето против вакцинирање?
Коj може да се обвини дека ја предизвикал пандемијата, кога таа навистина се јавува?
На секаков начин се прават обиди да се поврзе името на Бил Гејтс со коронавирусот. Во текот на изминатата деценија, Бил Гејтс предупредуваше на недостаток на подготовка и воспоставени системи за справување со закани од заразни болести кои би можеле да доведат до пандемија. Ова е откако Гејтс во повеќе наврати поттикнуваше на поголема свест за можноста за пандемија и повеќе напори да се спречи оваа можност, како на пример во неговиот говор за ТЕД во 2015 година.
На 14 мај, ЈуТјуб каналот „Prison0fprogress“ објави видео напис со наслов „Повик од италијанската влада за апсење на Бил Гејтс“на Италијански јазик со Англиски поднаслов, има скоро 1 милион на гледаност и над 2,000 коментари и е споделено на други социјални мрежи. Видеото од непознати причини е избришано од Јутјуб каналот.
Тврдењето за апсење е неточно. Италијанската влада не превземала никакво дејствие против Гејтс. Видеото покажува фрагмент од сесија во италијанскиот парламент. На видеото објавено на веб-страната FromRome.info се гледа женски говорник, Сара Куниал, пратеничка во Италијанскиот Конгрес и позната активистка против вакцинирање.
Рускиот државен весник РТ (Русија Тудај) го искористи истото видеото во својот извештај со наслов: „Италијанскиот законодавец бара Бил Гејтс да биде Уапсен за„ злосторства против човештвото“. Во Русија анти-Бил Гејтс приказни со теории на заговор, отсекогаш биле популарни, поддржани и промовирани од јавни и владини личности. Неодамна, режисерот Никита Михалков кој е и добитник на Оскар, го посвети своето неделно шоу „Бесогон“ (Егзорцист) на Гејтс. Шоуто се појави на државниот ТВ канал Росија-24 на 1 мај[1].
Каналот „Prison0fprogress“ на Јутјуб има само 3.500 претплатници, но видеото на Куниал е видено скоро 1 милион пати. Постојат докази дека видеото било вештачки засилено на Твитер. Според алатката за разузнавање со отворен извор First Tweet, првиот профил што го објавил видеото „Италијанската влада повикува на апсење на Бил Гејтс“ беше Мариса Хардвик. Во описот во профилот на @Fortepiecat гласи дека таа е американски активист за живот и поддржувач на САД и Доналд Трамп. На профилот нема лични информации или лични фотографии.
Видеото за прв пат беше објавено, и се споделуваше претежно преку јавни Фејсбук групи, а не на лични страници. Сите објавувања се случија приближно во исто време, а сите први профили беа анонимни корисници без лични податоци.
Бил Гејтс повторно стана актуелен на 13 мај; овој пат, во дебата на државниот управуван Канал Еден Русија (Перви Канал). Тука, еден учесник претставен како директор на Институтот за Проблеми со Глобализацијата, наметна нова теорија на заговор за Бил Гејтс и во целост ги доведе во прашање вакцинациите, сето ова како дел од дискусијата за тоа како да се справат со пандемијата на коронавирус.
„Момците на Перви Канал не научија ништо“, меѓу оние кои го изразија своето разочарување од актуелизирањето на Гејтс беше тимот што стоеше зад програмата „Лажни вести“ на независната ТВ Рејн од Русија. „Момците на Перви Канал не научија ништо од приказната со Михалков“, напиша ТВ Рејн во воведот за последната епизода од „Лажни вести“, емитувана на 16 мај. „И тоа воопшто не е смешно“, изјави водителката на ТВ Рејн Марија Борзунова во програмата: „Затоа што со наши пари анти-ваксерите ја ширеа својата ерес пропаганда низ целата наша земја“.
Ковид-19 кој одзема над 300.000 животи низ целиот свет и скоро 90.000 во САД, и додека СЗО шпекулира дека Ковид-19 може да остане и во наредните години, ризикот за не – вакцинирање сега е поголем од било кога. Додека повеќето низ светот со нетрпение чекаат развој на вакцина против САРС-КоВ-2 и се надеваат дека евентуалното производство ќе ги исполни барањата, победата во борбата против Ковид-19 нема да се случи ако значителен број луѓе одбиваат да бидат вакцинирани. А сепак, тоа е токму она што четвртина од населението во САД веќе се заканува дека ќе го направи и станува сè поочигледно дека тие што веруваат во теориите на заговор за Ковид-19 ги здружуваат силите со анти – ваксерите во рамките на брзо растечкото движење со намера за вложување во целосна војна со дезинформации против вакцините.
Додека институции како СЗО и Центрите за Контрола и Превенција на Болести (ЦДЦ) се обидоа да се спротивстават на медицинската „инфодемија“ со веродостојни и точни информации за вакцините и Ковид-19, неодамнешните докази сугерираат дека тие најверојатно ја губат битка. Новите истражувања објавени оваа недела откриваат дека анти-вакцинските страници на „Фејсбук“ ги надминуваат страниците за про-вакцинирање повеќе од 2:1, при што следбениците рапидно растат и комуницираат со други групи со потенцијално идеолошко преклопување, како што се групи фокусирани на „велнес“ или општи безбедносни грижи. За да се разбере зошто се губи оваа информативна битка, барем преку Интернет, прво мора да се сфати дека движењето против вакцинирање не е само група на луѓе што се загрижени за вакцините, туку е добро организирана и стратешки координирана политичка кампања.
И додека нејзините членови навистина се состојат од родители од обете страни на политичката поделба кои се загрижени за своите деца, меѓу нив има поголеми, ако може да речеме, заговорнички сили кои дејствуваат зад сцената на движењето.
Интересно е да се види како хероите и негативците се променливо крунисани или демонизирани во рамките на војните со дезинформации за вакцините. За оние што ги привлекуваат теориите на заговор, што е тоа што ги прави Бил Гејтс и д-р Ентони Фауси избрани негативци, а мултимилионерот Кенеди, самопрогласен застапник на „природен живот“ кој профитира од анти- пораки за вакцинирање, во Месијата на движењето против вакцинирање?
Психологијата ни кажува дека постои одговор, а можеби и најдобриот одговор е „мотивирано расудување“. Ние ги избираме нашите претпочитани политички шампиони засновани врз перцепциите – без разлика дали се точни или не – на заедничка идеологија и идентитет, рутински им гледаме низ прсти при ударите и судирите на интереси на начин на кој нашите политички спротивности не можат да ги сфатат и да ги сметаат за вознемирувачки.
Но, реалноста за движењето против вакцинирање не е само организација на загрижени родители, како што обично имаат тенденција да се претставуваат, туку е и мултимилионерска кампања, слична на оние што ги финансираат протестите против Ковид-19, барајќи „отворање на земјата“ и покрај широката јавна поддршка против тоа. И, така, иронично е, тоа што теоретичарите за заговор против вакцинација се самите жртви на огромен заговор, оној во кој моќните милионери се обидуваат да го контролираат нивното однесување.
Гејтс[2] е личност која, всушност, ги слушаше и ги разбираше пандемиските загрижености кои доаѓаа од вистински научници. Овие теории на заговор за потеклото на вирусот не прават ништо за да ја контролираат пандемијата. Всушност, ги потценуваат напорите на научниците, здравствените работници и службениците кои преземаат акција против вирусот. Според зборовите на актерот Брус Вилис, искажани во филмот Умри Машки, „Ако не сте дел од решението, вие сте дел од проблемот. Престани да бидеш дел од проблемот и врати го другиот!“
Мерал Мусли Тајроска – психолог, консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост.
Извори: Polygraph.info, EuvsDisinfo, F2N2, Psychology Today.
[1] https://f2n2.mk/en/moscows-hand-shows-signs-of-shakiness/
[2] https://www.forbes.com/sites/brucelee/2020/04/19/bill-gates-is-now-a-target-of-covid-19-coronavirus-conspiracy-theories/#4cdbd7336227
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО