Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето гостување на телевизија Алфа изјави дека постојат шпекулации за тоа дека Зоран Заев помеѓу двата изборни кругови остварил средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети. Според него, на средбата се разговарало за наводно редефинирање на државата. Дел од изјавата Ви пренесуваме интегрално: Се погласни се шпекулациите дека помеѓу двата изборни круга има средба која што се случува во Тетово помеѓу Зоран Заев и неколку други лица на која практично се договара поддршката за време на вториот круг и каде што практично треба да дојде до еден вид на политичко редефинирање на Република Македонија.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето гостување на телевизија Алфа изјави дека постојат шпекулации за тоа дека Зоран Заев помеѓу двата изборни кругови остварил средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети. Според него, на средбата се разговарало за наводно редефинирање на државата. Дел од изјавата Ви пренесуваме интегрално: Се погласни се шпекулациите дека помеѓу двата изборни круга има средба која што се случува во Тетово помеѓу Зоран Заев и неколку други лица на која практично се договара поддршката за време на вториот круг и каде што практично треба да дојде до еден вид на политичко редефинирање на Република Македонија.imageШпекулација vs ВистинаПокрај тоа што станува збор за тврдење базирано на шпекулации, вулканот ”Тиранска платформа” се потпалуваше и со шпекулирање за тоа дека иницијативата која произлезе од неколку партии, а беше поддржана од страна на Претседателот Стево Пендаровски, за реформа на изборниот модел во помалку изборни единици и воведување на отворени листи, е дел од договорот во Тетово. Сепак, Мицкоски на крајот нагласи дека можеби станува збор за шпекулација, при што ги повика Ахмети и Заев  да излезат и да се произнесат околу овие шпекулации.Како трето жарче за потпалување се искористи и најавениот попис. Според Мицкоски и пописот е дел од договорот на кој Заев ставил потпис, а притоа како главна цел на пописот потенцира дека е прикажувањето на Албанците во што е можно поголем број. Најголемиот проблем кај сите овие тврдења е тоа што Мицкоски не е сигурен во тоа што го изјавува, па побара од премиерот Заев да се произнесе за тоа дали овие шпекулации кои токму тој ги пласираше во јавност, всушност се вистинити.Шпекулативни тврдења кои се претвораат во наратив Во сите овие “тврдења” Мицкоски нема наведено ниту еден доказ. Целата изјава се базира на шпекулации. Проблемот е во тоа што без разлика дали истите на крај ќе се покажат како вистинити или не, штетата е веќе направена. Повторно се заплашува македонскиот народ со некакво си редефинирање на државата и исцртување нови граници. Паѓаат во вода сите укажувања за соживот, а воедно се поттикнува национализам. Наративот за “Голема Албанија” никако да престане.Ваквите шпекулации кои заговараат загрозен интегритет на Република Северна Македонија со формирање на таканаречената Голема Албанија се пренесуваат и на електронските медиуми. Тие несомнено се една од највлијателните алатки, преку кои најлесно се пренесуваат ваквите шпекулации. Порталот Република беше прв кој објави таков текст, а во ширење на шпекулацијата поткрепена без никаков доказ, се приклучија и порталите Инфомакс, Јавно, АлфаМКД, Курир. Кога вкупно би ги собрале бројот на следбеници на нивните фејсбук страни, ќе дојдете до бројка од 622,943 следбеници. Претпоставка според алгоритмите на Фејсбук е дека текстот го виделе 6,5% од вкупната бројка на следбеници, што би не донело до бројка од околу 40.000 профили до кои допрел текстот. За ова ќе има дополнителна и попрецизна анализа наскоро.imageimageimageimageimage Да заклучиме, се работи за обид од страна на опозиција и одредени портали, наративот Голема Албанија да се одржи во “живот”. Ваквите наративи придонесуваат кон поделби во општеството, наместо кон градење на доверба и соживот во Република Северна Македонија.Како за компарација, доколку премиерот Заев излезе во јавност и изјави дека всушност Мицкоски бил тој што потпишал таков договор, кому треба да му веруваме? Затоа никогаш шпекулацијата не ја земајте “здраво за готово”. Медиумите имаат задача при пренесувањето на вест да бидат доблесни и истата да ја проверат и потврдат од повеќе извори.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.