ОПИС

Оригинален наслов: Короната оживеа пеколна теорија на заговор, вирусот е совршено средство за остварување на главната цел „Агендата 21“

Порталот reporter.mk пренесе текст во кој се обединети неколку рециклирани теории на заговор.

Во содржината на текстот се вели дека коронавирусот наводно ја оживеал една од најстрашните теории на заговор, „Агенда 21“, која треба да ја спроведат светските влади. Ослободувањето на вирусот е совршено средство за да се спроведе таквата цел, сметаат теоретичарите на заговор.

„Агендата 21“, всушност има за цел да го намали бројот на население во светот, од страна на тоталитарниот светски центар.

Како дел од таа организација тука влегуват и САД, како и бројни влади низ светот. „Агендата 21“ е причина за невидениот пораст на акции и популарноста на теориите на заговор.

Истата се поврзува и со вакцинацијата, Сорос, Бил Гејтс и 5Г-мрежата, во уреден спој на параноидни фантазии. Порталот како извор на овој текст го наведува српскиот портал Kurir.rs.

Оваа содржина беше објавена и на следниве портали Mexpress.mk и Popara.mk.Линк до оригиналната статитија тука.

ФАКТ/И

Објавениот текст е дезинформација, која е надополнета со елементи од теории на заговор.

Во текстот кој во себе споил неколку теории за заговор, се вели : Ваквиот заговор трае уште од 1992 година, а всушност предвидува Нов светски поредок, кој наводно треба да го воспостават злогласните глобални оператори.

Дел од „Агендата 21“ се однесува и на првичниот план на Обединетите Нации, кој треба да се одржи во 2021 година, но истиот е поместен за во 2030 година, тврдат заговорниците. До тој период светот треба да добие една светска влада, која ќе владее со сите нации.

Што е всушност Агенда 21 која се користи како главна алатка во оваа дезинформација

Агенда 21 е незадолжителна декларација на ООН од 1992 година. Станува збор за визија за одржлив развој во која 178 земји членки се согласиле околу заедничките приоритети:

  • Сиромаштија

  • Болести

  • Заштита на околината

Овие приоритети не можат да се спојат со глобалната диктатура, но теоритичарите на заговор, успеваат да направат конекција. Манипулативна.

Обединетите нациии е меѓувладина организација, и сите земји-членки учествуваат во нејзината работа. Нивната цел е одржување на меѓународниот мир и безбедност, заштита на човековите права, достава на хуманитарна помош, промоција на одржлив развој и  заштита, унапредување и поддршка на меѓународното право.

Тоа е манипулативната цел која теоретичарите на заговор се обидуваат да ја наметнат. Во агендата на ООН за одржлив развој до 2030, нема апсолутно ништо од „наведувачкото толкување“.  Документот кој се злоупотребува во манипулативните наративи, содржи 17 цели меѓу кои се: елиминирање на сирмаштијата и гладот, унапредување на здравствениот систем, квалитетна едукација, родова еднаквост, пристап до чиста вода и санитарни јазли, мир, соочување со климатската криза, праведност, моќни институции и останатите кои може детално да ги видите тука.

Во текстот е споделено видеото на Дејвид Ике, човекот кој е препознатлив по ширење на теории на заговор, за кого Ф2Н2 веќе пишуваше.

Во текстот се наведува дека коронавирусот е дел од заговор, можеби од кинеската влада, другите глобални актери, дури и Џорџ Сорос. За теоријата која се провлекува низ овој наратив, веќе анализиравме претходно.

Во текстот е вметнато и видеото за Сорос, кој редовно се користи во наративите, секогаш кога треба да се зајакне влијанието на некоја дезинформација.

Агендата на ООН е да го подобри квалитетот на сите жители на земјата. ООН е меѓународна организација која е основана со цел да се чува мирот и да се поттикне меѓународната соработка. Како таква организација, ООН нема извршна власт со која ќе ги натера државите на делување. Ова значи дека не е точна теоријата на теоретичатите на заговор, која се пласира и во овој текст, дека ООН можат да предизвикаат глобално ропство преку укинување на националниот суверенитет, верските чувства и личното достоинство.

Препораките за остварување на целите кои се дел од Агенда21, се вклучени во документот Addis Ababa Action Agenda кој е усвоен на Третата меѓународна конференција за финасирање и развој која се одржа во Етиопија во 2015.

Вистина е дека ООН НЕМА ЦЕЛ за глобално владеење во насока за потчинување на другите. ООН НЕМА надлежност која ќе и овозможи да им “диктира” на владите на државите кои се нејзини членки, какви политики ќе водат, ниту пак има механизми со кои ќе ги натера да го прават тоа. ООН не е институција која може да се наметне над националните интереси на земјите кои се нејзини членки. Во таа насока, коронавирусот не е дел од некакво сценарио на Агендата 21 од ООН.

Тимот на Ф2Н2 го оценува овој текст како дезинформација, во која се рециклирани теории на заговор против вакцинацијата, Сорос, Бил Гејтс и 5Г-мрежата на едно место. Нивната цел е да ја убедат јавноста дека коронавирусот е производ на одредено сценарио од Агендата 21 на ООН.

Порталот, иако се повикал на извор од кој го превземал текстот, и во насловот пишува дека се работи за теорија на заговор, не се впуштил во детално разоткривање на вистината и отфрлање на оваа теорија, а со тоа само ja “засилува” истата. На тој начин, ги доведува во заблуда читателите уште со самиот наслов дека вирусот наводно е совршено средство за остварување на главната цел на Агендата 21 , па дури и во содржината на текстот, не може да се направи јасна разлика меѓу теоријата на заговор и вистината.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.