На социјалната мрежа Фејсбук, креиран е настан Специјален пречек на Русите Вован & Лексус. Според организаторите, настанот е креиран за  02.08.2019 на плоштадот Македонија, со почеток во 20 часот.Тимот на F2N2 истражувајќи го настанот, откри дека е споделуван од Фејсбук групата Дневна доза политички циркус која е креирана на 22 март 2018.Организаторите на овој настан, досега креирале неколку настани, со цел омаловажување и исмевање на одредени лица со што индиректно се повикува на јавен линч кон истите. Тие креирале дури три настани во кои фокусот е Тамара, по нејзиниот настан на одбележувањето на денот на независноста во Aмбасадата на САД.

 Говорот на омраза многупати се забележува како комуникациски тренд, кој е присутен на социјалните мрежи. Под овој термин се подразбира секоја форма на изразување со која се шири, поттикнува, промовира или оправдува некој вид нетолеранција која вклучува и форми на агресија и непријателство.  Мета на омраза може да биде група или едно лице кон кое се упатуваат погрдни и навредливи зборови со цел да биде јавно дискредитирано, како што е случајот со Тамара.Интернетот, посебно социјалните мрежи, станаа нов мегдан на кој се пресретнува и шири говорот на омраза.Законот за спречување и заштита од дискриминација забранува вознемирување и понижувачко постапување со кое се повредува достоинството на лице или група, а може да произлезе од дискриминаторска основа чија цел е да го повреди достоинството на одредено лице или да создаде заканувачка средина или практика,  со што ќе поттикне или повика дискриминација.Говорот на омраза кој е многу присутен на социјалните мрежи има штетно влијание врз целото општество и квалитетот на заедницата, затоа што предизвикува виктимизација на нападнатите членови, но едновремено останатите членови ги прави лути, сомнителни, а понекогаш и плашливи и недоверливи.За говорот на омраза веќе пишувавме во неколку наврати на нашиот едукативен серијал.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.