Во повеќе затворени, но и отворени групи на Фејсбук кои третираат разни болести со „природни“ и други алтернативни лекови, стотици илјадници корисници споделуваат меѓусебе тврдења дека сода бикарбона, оцет и темјан се неколкуте “лекови” за кои што лекарите не сакаат вие да дознаете.Родителите на децата со аутизам се исто така дел од разни Фејсбук групи во кои се посветува внимание на третирањето на аутизмот со методи кои не се базираат на наука - со голтање на хидроген (бланш) за кој што тие се убедени дека ги „лекува“ нивните деца.Оваа појава е присутна и во Република Северна Македонија. Разни затворени групи, но и разни медиуми коишто се присутни и со свои групи на Фејсбук слично градат наративи со што предизвикуваат недоверба кај читателите кон стандардната медицина преку ширење на вести од сомнителни извори за промовирање на научно недокажани алтернативни лекови за доста сериозни заболувања.Фејсбук планира да го лимитира опсегот на ширење на постовите во ваквите групи за коишто верува дека содржат дезинформации во врска со здравјето. Тоа би значело дека овие постови би се појавувале со помал интезитет во news feed, а со тоа би допреле до помал број на корисници. Лимитирањето истотака би се однесувало и за постови коишто ги третираат природните начини на лекување, кои истотака би се појавувале поретко во news feed.Процесот на лимитирање ќе користи различни клучни зборови и фрази коишто најчесто се користат во постови што содржат преувеличени или лажни тврдења во врска со здравјето, но не се појавуваат во постови коишто содржат точни информации за истите теми. Со различни алгоритми ќе се детектираат сомнителните фрази, коишто компанијата ги има пронајдено со помош на здравствени професионалци со цел да се предвидат постовите коишто нудат сензационални наслови во врска со здравјето.Погрешното насочување на читателите во врска со здравјето преку лажни и информации кои не се базирани на факти е доста ризично и штетно за било кое општество. Ова не е проблем креиран од страна на платформите како Фејсбук и Гугл, туку од страна на одредени центри за дезинформирање кои ја злоупотребуваат слободата на говорот за ширење на дезинформации и труење на граѓаните со невистини. Тимот на F2N2 има детектирано повеќе вакви лажни постови, а неколку од нив има и обработено. Прочитајте на следниов линк и тука.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО