ЗА СПУТНИК НАШАТА ВЛАДА Е СЕВЕРНОМАКЕДОНСКА СТРАНА - ЛИДЕР, ИНФОМАКС, ВЕЧЕР, ВЕСНИК МОЛЧАТ! ЌЕ СЕ ИЗВИНИ ЛИ СПУТНИК? На 24-ти и 25-ти мај Владата на Република Северна Македонија беше во официјална посета на Црна Гора, на покана на премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ. Двете влади одржаа прва заедничка седница, а остварени беа и билатерални средби: Премиерот Заев оствари средби со премиерот Марковиќ, претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и со претседателот на Собранието Иван Брајовиќ; Анѓушев, Сугарески и Николовски остварија билатерални средби со колегите од Црна Гора..imageПотпишани беа  значајни документи.Црна Гора веќе ги има започнато преговорите со ЕУ, па така од 33 поглавја, 32 се отворени, а три се веќе затворени. Искуството на Црна Гора е добредојдено за евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија.За време на посетата стопанските комори на двете земји одржаа и бизнис форум, на кој присуствуваа стопанственици и претставници од различни компании од Северна Македонија и Црна Гора.извор: FacebookЦрна Гора беше меѓу првите земји што го ратификуваа протоколот за членство во НАТО.Но, сето ова, што во суштина носи позитивни промени, беше мошне вешто спинувано од страна на Спутник. Манипулацијата со информациите, односно креирањето на дезинформативен наратив од страна на Кремљ е она што може да се види од оваа кратка анализа на F2N2.Но, да почнеме со ред.Насловот на прилогот објавен на Спутник на српски јазик гласеше: „Браќа по НАТО го водат регионот „во светла иднина“, а им се заканува црно сценарио“Главната порака што сака да ја истакне Спутник, и во поднасловот на текстот, и во објавата на ФБ е дека тонот на посетата е таков да не е сосема јасно дали темата (се мисли на посетата) била глорификација на НАТО или соработката помеѓу двете земји. Ова тврдење не е точно, а самиот факт дека покрај членството во НАТО, разговарано беше и за многу други прашања како членството во ЕУ, животната средина, инфраструктурата, подобрување на бизнис климата и соработката итн., доволно кажува дека темата на посетата е многу јасна.Оценките кои се дадени од страна на новинарката Љубица Гојкович од Српске ТВ“ се исто така неточни, и го продолжуваат наративот на Кремљ. Не е точно дека Црна Гора „насилно“ била втурната во НАТO, исто како што не е точно дека поголемиот дел од македонските граѓани го бојкотираа референдумот, а најмалку е точно дека евроатлантските интеграции се против интересите на Северна Македонија.Читајќи го текстот забележавме дека во два наврати се користат термините „северномакедонска страна“ и „северномакедонска делегација“. Според упатството на МНР наменето за новинари, може да се види дека термините кои се користени во двата наврати не се правилни.imageimageизвор: rs.sputniknews.comОна што ни го привлече вниманието е отсуството на реакција од некои портали, кои само пред неколку денови бурно реагираа на натпис во  , каде новинарот го употребил терминот “North Macedonians”.Овие портали се „дежурни“ во мониторинг на западните медиуми и едвај чекаат ненамерна грешка за веднаш да се впуштат во оркестриран напад на Договорот од Преспа.Зошто не реагираа во овој случај не ни е познато.  извор: grid.mkЗатоа пак, сличен ваков пример не беше испуштен од страна на порталот Инфомакс кој објави статија која во насловот кажува дека сме станале Северномакедонци. Станува збор за статија во  германски бизнис весник кој во насловот го содржи зборот “Nordmazedonier”. Кога станува збор за германската граматика, еве уште еден случај кој тимот на F2N2 го објави пред извесно време. F2N2 останува доследна на ставот дека во случајот на Германија заради граматичките ограничувања не може да се очекува дека ќе дојде до било каква промена во иднина. Дополнително, посочените медиуми не ги објавуваат позитивните практики од страна на оние официјални лица, држави и медиуми кои се во согласност со правилникот на МНР, оттука се поставува прашањето зошто се фокусирани само на очигледните грешки и граматичките ограничувања кога станува збор за западните медиуми. Ваков случај имаше и со Фејсбук кога објави дека се одржува првиот изборен круг, за што F2N2 исто така пишуваше, но за вториот круг стилот на пишување беше усогласен. F2N2 има разбирање за ваквите случаи и упатува апел до сите медиуми и до оние кои го креираат јавното мислење да бидат трпеливи, зашто ќе биде потребно одредено време за да се постигне доследна примена на терминологијата која произлегува од Преспанскиот договор. Во случај на неправилна употреба на дефинираните термини, не мора веднаш да се развиваат теории на заговор.imageизвор: bbc.comimageизвор: Twitter.comФактот дека дури и Американската армија остана достојна и се извини го поткрепува погоре наведеното.imageизвор: Facebook
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.