Русија активно го крши меѓународното право и меѓународните конвенции, и тоа е основниот контекст во врска со неоправданата и неиспровоцираната Руска агресија врз Украина.

На 28 Јуни, во Македонскиот интернет простор регистрирана е статија со наслов „Кинески медиуми: НАТО немоше да ја спречи Русија да ги постигне своите цели во Украина“. Статијата е превземена од „Global times“ медиум основан и контролиран од Комунистичката Партија на Кина како дел од групацијата „People’s daily online“.  Глобал тајмс редовно продуцира и објавува содржини кои се со анти-Западен сентимент поточно анти-САД, третирајќи прашања од глобалната безбедност па се до глобалната економија низ националистичка призма на Комунистичка партија на Кина. Скоро целиот опус на овој медиум е насочен кон промоција на ставовите на партијата, при што користи сомнителни извори, полувистини и ги извртува фатктите, па затоа неможе да се смета за објективен и кредибилен извор на информации

Статијата која е предмет на оваа куса анализа изнесува неколку лажни тврдења кои се резултат на полувистини и извртување на фактите, скоро комплетно во линија со стратешките наративи на Кремљ.

Па така, статијата најпрво го промовира наративот дека „НАТО е поделена“ укажувајќи на недостаток на конензус помеѓу членките. Ова тврдење е комплетно неточно, посебно земајќи го предвид последниот НАТО Самит во Мадрид, 28 – 30 Јуни, 2022, каде Украина беше највисоко на Агендата на алијансата. На Самитот, НАТО сојузниците уште еднаш беше потврдена безрезервната поддршка на Украина која најдобро може да се воочи преку одлуката од Членот 8 од „Заедничката декларација на Шефовите на Држави и Влади“ на замјите членки. Членот 8 гласи: “Ќе продолжиме и ќе ги засилиме политичката и практична поддршка на нашиот близок партнер Украина, која продолжува да го брани својот суверенитет и територијален интегритет против Руската агресија. Заеднички со Украина, донесовме одлука за пакет на засилена поддршка. Ова ќе ја забрза доставата на несмртоносна одбранбена опрема, ќе ги подобри сајбер одбраната и отпорноста на Украина, и ќе ја поддржи модернизацијата на одбранбениот сектор во насока транзиција кон долгорочна интероперабилност. На подолг рок, ќе и помогнеме на Украина, и ќе ги поддржиме нејзините напори кон пост-воена реконструкција и реформи.“

Дополнително, покрај НАТО Самитот, на 23-24 Јуни, 2022 беше организиран и Самитот на Европскиот Совет кој во своите заклучоци додели статус на земји кандидати на Украина и Молдавија, што е уште еден доказ за посветеноста и обединетоста на западните партнери во подршката кон Украина и останатите земји од регионот.

Статијата во продолжение промовира дел од наративите на Кремљ кои од Октомври 2021 се обидуваат да ја презентираат Русија како конструктивна страна која сторила се целокупната ситуација да се реши на дипломатски и мирен начин, потенцирајќи го непристојниот предлог од Декември 2021, кој сеуште се користи од страна на Кремљ како обид за да се оправда неиспровоцираната и неоправдана агресија на Русија врз Украина.

Статијата исто така го зајакнува и Рускиот наратив дека спроведува „денацификација“ на Украина. Наратив кој и покрај огромните напори на Кремљ да го искористи како „Casius belli“ – оправдание за војна, заврши без успех.

Целиот овој период изобилува со статии и текстови кои потекнуваат од про-Руски и не-кредибилни извори кои се користат со полувистини, извртување на факти и лажни тврдења кои се презентираат без притоа да се претстави соодветниот контекст а тоа е дека Русија неможе да се смета за рамноправен чинител во меѓународната комуникација со оглед на прекршувањата на меѓународното право и различните меѓународни конвенции кои се превземани како обврски од Русија ама и од сите други држави кои ги потпишале и ратификувале.

Прекршувањето на меѓународното право и конвенциите под закрилата на лажната  „конструктивност“ неможе да се заобиколува и да се премолчува кога се презентира моменталниот контекст во кој се одвива Руската агресија врз Украина.

Оваа содржина во Македонскиот интернет простор беше споделена и амплифицирана преку нивната инфраструктура на Фејсбук од страна на портали кои имаат анти-Западна ориентација и редовно пренесуваат содржини кои се во насока на промоција на Руските Стратешкит дезинформативни наративи. Вкупно 6 портали објавија 6 статии кои беа споделени преку 18 објави на 18 Фејсбук страници / групи со 1,154,000 следбеници со повеќе од 1,400 интеракции.

Author Image

Росана Алексоска

Програмски менаџер

Избор на уредникот

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.