Конференцијата се одржа од 16-18 Мај во Подогорица во организација на ОБСЕ ОДИХР и мисијата на ОБСЕ во Црна Гора.

На настанот учествуваа претставници на изборните органи и граѓанско општество од регионот. Алексоска беше говорник на Сесијата Бр.5 на вториот ден од настанот: Слобода на говорот против нетолерантен говор и дискриминација – Како може да се воспостави ефикасен мониторинг на говорот на омраза за време на изборите и зошто тоа е важно? Какви предизвици има кај регулаторните тела при обезбедувањето на усогласеност со меѓународните стандарди за слобода на изразување? Обидите на телата за спроведувањае на избори во борбата против дезинформациите и говорот на омраза од аспект на едукација на гласачи.

Покрај Г-ца Алексоска на панелот говореа и Г-ѓа Ирена Хаџиабдиќ, член на Централната изборна комисија на БиХ и Г-дин Том Бонсунди-О’Брајан, Менаџер за политики во Мета. Сесијата беше модерирана од страна на експертот на ОДИХР Џована Маиола.

Дискусијата ја отвори модераторот го претстави концептот на “говор на омраза“ и поврзаноста на истиот со дезинформациите, Хаџиабдиќ говореше за активностите на изборните органи во БиХ во насока на борба против дезинформациите и говорот на омраза низ призмата на едукација на гласачите. Претставникот на Мета Бонсунди-О’Брајан ги претстави Стандардите на заедницата во рамките на оваа социјална платформа, вклучително и борбата со дезинформациите во изборен контекст, преку три-партитната стратегија: отрстранување на содржини кои ги кршат политките на платформата а придонесуваат кон физичко насилство, намалување на дистрибуцијата на објави кои се дефинирани како лажни од страна на проверувачите на факти и информирање на заедницата за истите, така што корисниците можат да одлучат што да читаат, на што да веруваат и што да споделуваат.

Г-ца Алексоска претстави докази за случаи на дезинформативни кампањи во рамките на Референдумот 2018 во Северна Македонија и Парламентарните Избори 2020, и притоа ги појасни и главните стратегии кои овие штетни актери ги употребуваат за да ги дисиминираат и зајакнуваат лажните наративи помеќу гласачите.

Author Image

Content admin

Избор на уредникот

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.